УТРО.мк

Претреси и апсење во Штип – МВР со детали

Претреси и апсење во Штип – МВР со детали
Vero

Претрес во Штип, пронајдена дрога, лишени од слобода четири лица, следува соодветна пријава

На 12.02.2026 во 01:00 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишија од слобода Т.И.(56), С.И.(32), И.В.(38) и С.К.(37), сите од Штип. При претрес во домот на Т.И., извршен со судска наредба, биле затекнати и лицата С.И., И.В. и С.К. додека користеле марихуана. Притоа, извршен е преглед на лицата и кај Т.И. беа пронајдени и одземени неколку пакувања марихуана, семки од растението канабис, дигитална вага и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Кај С.К. беа пронајдени едно поголемо и едно помало пакување со марихуана, додека кај С.И., исто така, беше пронајдено и одземено едно пакување со марихуана. При претресот, во друга просторија, беше затекната и А.М.(28) од Штип, но кај неа не беа пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран