УТРО.мк

Откриена официјалната причина за сообраќајната несреќа во која загинаа Жота и неговиот брат

Откриена официјалната причина за сообраќајната несреќа во која загинаа Жота и неговиот брат
Vero

Првични наоди: Брзината ја предизвикала трагедијата во која загина Диого Жота и неговиот брат

Шпанската Цивилна гарда денеска ги соопшти првичните резултати од истрагата за сообраќајната несреќа во која животот го загубија Диого Жота, ѕвезда на Ливерпул, и неговиот брат Андре Силва, фудбалер на португалскиот клуб Пенафиел.

Според првичните наоди, несреќата ја предизвикала екстремна брзина. Спортскиот автомобил „Ламборџини Хуракан“, кој браќата го управувале на автопатот во покраината Замора, северозападна Шпанија, се движел значително над дозволената брзина, по што излетал од коловозот и се запалил. Истражителите ќе вршат дополнителни анализи, но веќе се смета дека брзината е главен фактор за трагедијата.

Несреќата се случила во ноќта меѓу 2 и 3 јули, а според извештаите, Жота бил зад воланот. Тој и неговиот 25-годишен брат починале на лице место, пред пристигнувањето на службите за итна интервенција. Автомобилот бил изнајмен, а пожарот што настанал веднаш по ударот ја отежнал и нивната идентификација.

Трагедијата доби уште посилен емотивен одек во јавноста бидејќи Жота се оженил само десет дена пред несреќата, оставајќи зад себе сопруга и три мали деца.

Погребот на браќата се одржа во саботата во нивниот роден град Гондомар, во близина на Порто, каде што илјадници навивачи, пријатели, фудбалери и членови на фудбалската заедница се собраа за да им оддадат последна почит.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран