УТРО.мк

Прадедото на Коста – и тој извршил масакр: Крвава историја што се повторува?

Прадедото на Коста – и тој извршил масакр: Крвава историја што се повторува?
Vero

Семејната историја на Коста К., малолетникот кој го изврши масакрот во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, добива мрачна димензија откако црногорските медиуми открија дека неговиот прадедо – мајорот Драгутин Кецмановиќ – пред речиси еден век извршил злосторство со слична бруталност.

Драгутин Кецмановиќ, роден во 1885 година во Читлук (БиХ), бил офицер во Австроунгарската војска, а по Првата светска војна ја продолжил својата служба како командант на жандармерискиот полк во Цетинскиот регион. Но, токму во тој период, во ноќта меѓу 24 и 25 април 1924 година, тој стои зад еден од најбруталните злостори што ги памети Црна Гора.

Тој влегол во домот на семејството Звицер во селото Рокочи, во близина на Цетиње, барајќи го Петар Звицер. Бидејќи не го затекнал дома, Кецмановиќ го заклучил семејството во куќата и ја запалил. Во огнот живи изгореле мајката на Петар – 60-годишната Анѓа, неговата сопруга Загорка (23), сестрата Плана (20), братот Видак (13), како и три деца – на возраст од една, три и пет години.

Сведоштвата говорат дека Кецмановиќ не застанал тука – пред куќата врзал 67-годишна жена за цреша, присилувајќи ја да го гледа палењето на своите блиски. Жената подоцна доживеала тежок психички слом и починала во ментална болница во Даниловград.

Иако идентитетот на „мајорот Кецмановиќ“ со децении беше под превез на тајност, неодамна, благодарение на историски документи кои досега биле недостапни за јавноста, конечно е потврдено дека станува збор за истиот Драгутин Кецмановиќ – прадедо на Коста К., момчето кое во мај 2023 година уби осум свои соученици и еден чувар во училишен масакр што ја потресе Србија и регионот.

По масакрот во Црна Гора, Драгутин бил преместен од службата, но никогаш не одговарал за делото. Продолжил со службата и семејниот живот во повеќе градови – Вараждин, Љубљана, Сараево, Вршац и Белград. Повторно се вратил во Цетиње во 1931 година, каде што се пензионирал три години подоцна. Последните 36 години од животот ги минал во Белград, каде што починал во 1970 година на 85-годишна возраст.

Откритието за ова злосторство од минатото фрла ново светло врз семејното потекло на Коста К., отворајќи сериозни прашања за наследните обрасци на насилство и нивното можно влијание врз трагедијата која ја шокираше цела Србија.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран