Силно невреме го зафати главниот град на Хрватска, Загреб утринава, на 7 јуни, околу 10 часот. Најпогодено беше поширокото подрачје на градот, а особено Нови Загреб, каде налетите на ветер кинеа ролетни од прозорците и предизвикуваа хаос на улиците.
Граѓаните споделуваа драматични снимки на социјалните мрежи, на кои се гледа како силниот ветер ги подига и фрла контејнерите за ѓубре, пластичните столици и разни други предмети низ улиците и дворовите.
Метеоролозите претходно предупредија дека се очекува драстична промена на времето, а за делови од земјата — вклучувајќи ја Славонија, Истра, Кварнер и Далмација — беше издаден портокалов метеоаларм. За останатите региони, вклучително и Загреб, важи жолт метеоаларм.
Хрватските медиуми јавуваат дека температурата во Загреб за само еден час опаднала за шест степени Целзиусови, што дополнително го нагласува интензитетот на временската непогода.
Видео-снимки од невремето можете да ги погледнете подолу: