УТРО.мк

Трагедија во Лефкада: Девојка се онесвести веднаш по предлогот за брак и се бори за живот

Трагедија во Лефкада: Девојка се онесвести веднаш по предлогот за брак и се бори за живот
Vero

Трагедија ја обележа романтичната посета на млад пар во Лефкада, Грција. 24-годишна девојка од Чешка се онесвести веднаш по предлогот за брак од нејзиниот партнер додека уживаа покрај живописната црква „Пророк Илија“ во селото Енглуви.

По емоционалниот момент, девојката колабирала и била итно пренесена во болница во Превеза, каде лекарите констатирале сериозно мозочно крварење. Поради тежината на состојбата, таа е префрлена на интензивна нега во болницата во Јанина, каде се бори за живот.

Лекарите потенцираат дека причината не е поврзана со надворешна повреда или пад, туку со ненадејна внатрешна медицинска компликација.

Според грчките медиуми, парот бил на одмор, а предлогот требало да биде врв на нивната романтична авантура. Наместо радост, следува трагедија.

Истрагата продолжува, а семејството и пријателите се во голем шок и се надеваат на нејзино успешно закрепнување.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран