УТРО.мк

Хорор сцени на фестивалот Сан Фермин: Осум повредени за време на трка со бикови во Шпанија

Хорор сцени на фестивалот Сан Фермин: Осум повредени за време на трка со бикови во Шпанија
Vero

Втората трка со бикови на прочуениот шпански фестивал Сан Фермин во Памплона заврши со сериозен инцидент – еден млад маж е избоден од бик, а уште седум лица се полесно повредени, соопштија локалните здравствени власти.

Инцидентот се случил утринава, кога еден од биковите ненадејно застанал среде трката и во неколку напнати минути почнал агресивно да ги напаѓа тркачите. 25-годишниот маж кој бил избоден во пределот под десниот пазув е префрлен во болница, каде се наоѓа во стабилна состојба и под лекарски надзор.

Преостанатите седум лица се здобиле со удари и модринки, претежно во пределот на главата и рамената, пренесуваат локалните медиуми.

Традиционалната трка, позната како „енсиеро“, претставува опасна традиција во кој борбени бикови трчаат низ тесните улици на средновековната Памплона, додека стотици учесници, облечени во бели кошули и со црвени марами, се обидуваат да трчаат покрај нив.

Фестивалот Сан Фермин, кој светската слава ја стекна благодарение на романот „Сонцето повторно изгрева“ (1926) од Ернест Хемингвеј, се одржува секој јули и трае една седмица, исполнета со музика, танци, весели процесии и обилно консумирање алкохол, но и со религиозни обреди во чест на светецот заштитник.

И покрај вниманието што секоја година го добива, фестивалот често е под лупа на јавноста поради сериозни повреди и смртни случаи. Од почетокот на водечката трка во Памплона досега животот го загубиле најмалку 16 учесници, последниот случај се случи во 2009 година.

Фестивалот и натаму останува контроверзен симбол на шпанската традиција – опасен, возбудлив и подеднакво омразен и обожуван.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран