Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати искрени честитки и пораки за поддршка до македонските клубови кои ова лето ќе настапуваат во натпреварите од Европските купови под покровителство на УЕФА.

„Време е за европски предизвици! Од мое лично име и од име на ФФМ, им посакувам многу среќа и успех на Шкендија, Вардар, Силекс и Работнички,“ изјави Омерагиќ.
Македонските претставници се подготвени да ја претставуваат државата на европската сцена, а поддршката од ФФМ е силна и недвосмислена. Омерагиќ нагласи дека верува во квалитетот и борбеноста на македонските екипи и изрази надеж дека ќе успеат да ја подигнат репутацијата на македонскиот фудбал во Европа.
„Веруваме во вашата посветеност и спортски дух. Покажете го тоа што ве краси – тимска игра, пожртвуваност и страст,“ порача претседателот на федерацијата.
Првите натпревари од квалификациите започнуваат оваа недела, а очекувањата се дека македонските клубови ќе направат чекор напред во европските натпреварувања.