
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, оствари работна посета во Анталија, каде што се сретна со претставници на македонските клубови кои ги реализираат подготовките за продолжението на Прва МФЛ.
Омерагиќ им посака успешни подготовки и исполнување на зацртаните цели, нагласувајќи дека очекува вториот дел од сезоната да донесе неизвесен и квалитетен фудбал, каков што го заслужуваат клубовите и навивачите.



























