
Македонската каратистка Вероника Костовска обезбеди пласман во четвртфиналето на Карате 1 Премиер лигата што се одржува во Истанбул, Турција.
Костовска го освои првото место во 4-тата група во категоријата до 61 килограм, остварувајќи три победи и со тоа избори место меѓу најдобрите осум. Во борбата за пласман во полуфиналето, таа ќе се соочи со Ајзахан Бакирова од Казахстан.
Во групната фаза, Костовска забележа победи против Анастаисија Чупина од ВКФ со 3-2, ремизираше 3-3 со Анастасија Семененко од Германија и славеше со 4-3 против Олександра Шолохова од Украина.



























