УТРО.мк

Романија ја затвори вратата за обединување: Крај на шпекулациите за приклучување на Молдавија кон ЕУ преку Букурешт

Романија ја затвори вратата за обединување: Крај на шпекулациите за приклучување на Молдавија кон ЕУ преку Букурешт
Vero

Изјавата на претседателката на Република Молдавија, Маја Санду, дека би гласала за обединување со Романија доколку се одржи референдум, предизвика бурни реакции во јавноста и отвори нова политичка дебата во двете земји.

Санду во неодамнешно гостување во подкаст изјави дека лично би го поддржала приклучувањето на Молдавија кон Романија, што индиректно би значело и влез во Европската Унија. Нејзините зборови наидоа на силни критики, особено во Молдавија, каде дел од јавноста смета дека ваквиот пристап ја доведува во прашање државната самостојност на земјата.

Контроверзите дополнително се продлабочија поради тврдењата дека актуелната власт во Кишињев, по спорни избори и со значителна поддршка од молдавската дијаспора во Западна Европа, настојува да го забрза европскиот пат на земјата преку идејата за обединување со Романија.

На ваквите најави остро реагираше романскиот претседател Никушор Дан, кој јавно ја отфрли можноста за организирање референдум за обединување. Говорејќи во Фокшани, за време на одбележувањето на Денот на обединувањето на романските кнежевства, Дан истакна дека таква иницијатива нема основа без јасна и недвосмислена волја од граѓаните на Република Молдавија.

– Нема причина за тоа сè додека нема волја во Молдавија – изјави Дан, нагласувајќи дека Романија има обврска да ја поддржува Молдавија на нејзиниот европски пат, но и да ја почитува волјата на нејзините граѓани.

Романскиот претседател додаде дека Букурешт ќе продолжи со поддршката во клучни области како енергетиката, економската соработка и инфраструктурната поврзаност, но конечната одлука за иднината на државата мора да ја донесат самите граѓани на Република Молдавија.

– Доколку во одреден момент нивниот став се промени, Романија ќе постапи соодветно – порача Дан, ставајќи јасна граница на актуелните шпекулации за обединување.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран