УТРО.мк

НАТО планира високо-технолошки одбранбен појас долж источната граница

НАТО планира високо-технолошки одбранбен појас долж источната граница
Vero

НАТО во наредните две години планира значително да ја засили одбраната на европските граници со Русија преку воспоставување т.н. „автоматизирана одбранбена зона“, која ќе функционира со минимално присуство на војници, објави германскиот печат повикувајќи се на високи воени извори.

Според бригадниот генерал Томас Ловин, заменик-началник на штабот за операции во Командата на копнените сили на НАТО во Измир, новиот концепт предвидува создавање зона што потенцијалниот противник мора да ја помине пред да може да напредува – своевидна „жешка одбранбена линија“.

Системот ќе се потпира на широка мрежа сензори кои ќе детектираат движења и активности, а потоа ќе активираат одбранбени средства како вооружени беспилотни летала, делумно автономни борбени возила, беспилотни копнени роботи, како и автоматизирани системи за противвоздушна и противракетна одбрана. Сепак, Ловин нагласи дека конечната одлука за употреба на оружје секогаш ќе остане во рацете на човек.

Сензорите ќе бидат распоредени на копно, во воздух, во вселената и во киберпросторот и ќе покриваат простор од неколку илјади километри. Тие ќе собираат податоци за непријателски движења и употреба на оружје и ќе ги споделуваат со сите земји-членки на НАТО во реално време.

Планот вклучува и зајакнување на постојните залихи на оружје, задржување на сегашното ниво на стационирани сили, како и користење cloud computing и вештачка интелигенција за управување со целиот систем.

Дел од технологиите веќе се тестираат преку пилот-проекти во Полска и Романија, а целта е системот целосно да биде функционален до крајот на 2027 година.

Паралелно со тоа, Европската унија разгледува воспоставување „ѕид против беспилотни летала“, како одговор на зголемениот број упади на руски или неидентификувани дронови забележани минатата есен во неколку земји членки. Во овој контекст, ЕУ планира да го искористи искуството на Украина.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран