УТРО.мк

„Ер Франс“ привремено го суспендира сообраќајот кон Дубаи поради напнатата ситуација на Блискиот Исток

„Ер Франс“ привремено го суспендира сообраќајот кон Дубаи поради напнатата ситуација на Блискиот Исток
Vero

Авиокомпанијата „Ер Франс“ соопшти синоќа дека привремено ги откажува летовите до Дубаи во Обединетите Арапски Емирати, поради геополитичката напнатост на Блискиот Исток.

„Поради моменталната ситуација на Блискиот Исток, авиокомпанијата одлучи привремено да ги откаже летовите до Дубаи“, се наведува во соопштението. Компанијата додаде дека постојано ја следи ситуацијата во регионите каде што опслужува летови за да обезбеди „највисоко ниво на безбедност“.

Вчера беа откажани два лета од Париз до Дубаи, како и два лета од Дубаи до Париз за денеска. „Ер Франс“ ги следи настаните во реално време и ќе објави дополнителни информации за распоредот на летовите во следниот период.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран