
Истражувачи за сајбер безбедност откриле база на податоци со речиси 150 милиони украдени лозинки за услуги како Gmail, Facebook и Instagram, собрани преку малициозен софтвер кој ги крадел податоците директно од корисниците.
Според извештајот на ExpressVPN, истражувачот Џеремаја Фаулер открил незаштитена база од 96 GB што содржи 149.404.754 уникатни најавувања и лозинки. Најмногу засегнати биле Gmail (48 милиони), Facebook (17 милиони) и Instagram (6,5 милиони), а меѓу погодените услуги се и Yahoo, Netflix, Outlook, iCloud, TikTok и други.
Хакерите користеле малициозен софтвер наречен „крадец на информации“ кој снима притискања на тастатура и краде зачувани лозинки. Базата, која била складирана во облак, останала незаштитена и била достапна на интернет се додека Фаулер не ја известил компанијата за хостирање.
Експертите за сајбер безбедност препорачуваат:
Итна промена на лозинките, особено ако се користат на повеќе сметки. Користење менаџери за лозинки за генерирање и чување на сложени лозинки. Вклучување двофакторска автентикација (2FA) каде е можно. Внимавање на сомнителни линкови во е-пошта и пораки. Бришење на стари или непотребни сметки за намалување на ризикот.



























