Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, заедно со легендите на македонскиот фудбал, Горан Пандев и Агим Ибраими, присуствуваше на извлекувањето на распоредот за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига (МФЛ).

„Голема чест е кога покрај тебе се имиња што ја пишувале историјата на нашиот фудбал“, изјави Омерагиќ, кој упати порака на поддршка до сите клубови и фудбалери.

„Им посакувам многу среќа и успех на сите екипи! Да имаме фер-игра, полни трибини и вистински фудбалски предизвици оваа сезона“, порача претседателот на ФФМ, најавувајќи амбициозен старт и позитивен дух во македонскиот фудбал.
