УТРО.мк

МУРИЊО ПРЕД СЕНЗАЦИОНАЛНО ВРАЌАЊЕ ВО РЕАЛ МАДРИД: Наводно потпишал договор до 2029 година

МУРИЊО ПРЕД СЕНЗАЦИОНАЛНО ВРАЌАЊЕ ВО РЕАЛ МАДРИД: Наводно потпишал договор до 2029 година
Vero

Португалскиот стратег Жозе Мурињо е на чекор до спектакуларно враќање на клупата на Реал Мадрид, откако, според информациите на The Athletic, веќе потпишал договор со шпанскиот гигант до 2029 година.

Иако во моментов има важечки договор со Бенфика до следното лето, Мурињо наводно решил да ја прифати понудата од „кралскиот клуб“ и повторно да седне на тренерската клупа на „Сантјаго Бернабеу“. Според истиот извор, трансферот на тренерот би можел да го чини Реал Мадрид до 15 милиони евра.

Интересно е што договорот бил финализиран во период кога во клубот се одржува изборна кампања за претседателската функција. Актуелниот претседател Флорентино Перез важи за фаворит на изборите закажани за 7 јуни, каде што негов противкандидат е Енрике Рикелме.

Доколку Перез освои нов мандат, официјалното претставување на Мурињо би можело да се случи веднаш по изборите. Според медиумските информации, веќе се работи и на составување на неговиот стручен штаб.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран