УТРО.мк

Клиничката болница Тетово со реакција за инцидентот од вчера

Клиничката болница Тетово со реакција за инцидентот од вчера
Vero

Во врска со настанот пријавен на 29 мај 2026 година во просториите на Клиничката болница Тетово, ја информираме јавноста дека менаџментот на установата веднаш ги презеде потребните активности за разгледување на случајот и целосно расветлување на околностите.

Клиничката болница Тетово ја осудува секоја форма на насилство, несоодветно однесување и нарушување на физичкиот или професионалниот интегритет на вработените. Нашата институција останува посветена на обезбедување безбедна, професионална и достоинствена средина за персоналот и пациентите.

По првичното разгледување на случајот, преземени се дисциплински мерки согласно интерните акти и важечката законска регулатива. Воедно, Клиничката болница Тетово целосно соработува со надлежните органи за утврдување на сите околности поврзани со овој настан.

Нагласуваме дека здравствените установи треба да бидат места каде што преовладуваат професионализмот, меѓусебното почитување и работната етика – вредности кои Клиничката болница Тетово ќе продолжи одлучно да ги штити и промовира.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран