УТРО.мк

Млад талент од Австралија со јасна цел – Самуел Вртковски сака да игра за Македонија

Млад талент од Австралија со јасна цел – Самуел Вртковски сака да игра за Македонија
Vero

Преку океанот, во далечна Австралија, расте нов македонски фудбалски потенцијал – 16-годишниот Самуел Вртковски, член на Macarthur Bulls, клуб што настапува во најсилната австралиска U16 лига. Иако се развива во сосема поинакво фудбалско опкружување, неговиот најголем сон останува ист: еден ден да го облече дресот на Македонија.

Роден во 2009 година, Самуел во септември ја прослави својата 16-та година. Настапува како дефанзивен играч за врска, позиција што ја покрива со голема сигурност, зрелост и техничка прецизност.

Младиот Вртковски веќе важи за играч со исклучително чувство за игра – одличен преглед, прецизни додавања и силна тактичка поставеност за своите години.

Неговите бројки оваа сезона го потврдуваат тоа:

Точност на додавања: 91% Добиени дуели: 2.9 по натпревар Пресечени топки: 2.3 по натпревар Успешни дриблинзи: 2.7 по натпревар Асистенции: 11 во сезоната

Со висина од 175 сантиметри, Самуел е физички подготвен и доминира во дуелите, што дополнително го прави атрактивен за секоја фудбалска школа.

Голема желба и на Самуел и на неговото семејство е во иднина да заигра за Македонија. Фудбалската фаланга постојано бара млади таленти ширум светот, а Вртковски несомнено е еден од нив.

Македонската фудбалска федерација би можела да обрне внимание на неговиот развој – а ако со својот квалитет ја заслужи шансата, воопшто не е невозможно во иднина да го видиме во црвено-жолтиот дрес.

Во коментарите под објавата се наоѓа и видео со најдобрите моменти од Самуел Вртковски.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран