УТРО.мк

Николовски на настан во Брисел посветен на проширувањето на ЕУ

Николовски на настан во Брисел посветен на проширувањето на ЕУ
Vero

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николовски учествуваше во Брисел на годинешниот настан организиран од влијателниот тинк-тенк „Friends of Europe“, кој годинава е посветен на темата за проширувањето на Европската унија.

Николовски имаше повеќе плодни средби и разговори со претставници на институции, експерти и европски чинители, фокусирани на унапредување на позициите и интересите на Македонија во процесот на интеграција.

Како што истакна, земјата продолжува активно да работи на приближување кон европските стандарди и на зацврстување на партнерствата со државите-членки и европските организации.

Настанот на „Friends of Europe“ е еден од повлијателните форуми во Брисел кога станува збор за политиките на проширување, каде Македонија и годинава доби можност да ги претстави своите реформски приоритети и стратешки цели.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран