УТРО.мк

СИТЕ ЗАСЛУЖУВААТ ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ! Одбележан 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченот

СИТЕ ЗАСЛУЖУВААТ ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ! Одбележан 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченот
Vero

Министерот за спорт Борко Ристовски, денеска во Владатаприсуствуваше на одбележувањето на 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост. На одбележувањето присуствуваа и вицепремиерот за политички систем, Љупчо Димовски, министри и заменици министри во Владата, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓеорѓиевски, како и в.д. постојаниот координатор на ООН, Армен Григорјан. Заедничката порака беше декаинклузијата не е избор – таа е обврска.

Министерот Ристовски оддаде почит на храброста и упорноста на лицата со попреченост и ја истакна важноста на еднаквите можности и инклузијата во општеството.

Тој истакна дека Министерството за спорт продолжува со континуирани активности за создавање услови за вклучување на лицата со попреченост во спортот, со цел спортот да биде достапен за секој поединец .

-Секој човек заслужува еднакви можности и достоинственпристап. Нашата цел е да ја унапредуваме достапноста, поддршката и условите за лицата со попреченост. Како Министерство за спорт, континуирано работиме да создадеме реални можности за нивно активно вклучувањево спортот – затоа што спортот е право, мотивација и сила за секого – изјави министерот Борко Ристовски.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран