УТРО.мк

Преспанското Езеро расте: нивото се покачи за 27 сантиметри

Преспанското Езеро расте: нивото се покачи за 27 сантиметри
Vero

По обилните дождови кон крајот на ноември, нивото на Преспанското Езеро, кое со години се намалуваше и се приближуваше до апсолутен минимум, се зголеми за 27 сантиметри, потврдуваат извори од Преспа. Мерењата на станицата кај село Наколец покажуваат дека водостојот од 840,88 метри надморска височина на 7 ноември пораснал на 841,15 метри на 2 декември, односно само 10 сантиметри под најниското регистрирано ниво на Езерото.

Преспанското Езеро со децении се соочува со загрижувачки низок водостој, по што процесот се интензивира со климатските промени, пронирањето на водата и неконтролираното користење на ресурсите, особено во последните 30 години. Максимумот бил забележан во 1963 година, кога нивото достигнало 851,83 метри надморска височина.

Од Општина Ресен велат дека нивото на Езерото се зголемува, но официјално мерење ќе објават откако ќе завршат дождовите и ќе ги потврдат резултатите на терен.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран