Рушањето на пречки во сообраќајот и подобрувањето на инфраструктурата продолжува во општина Чаир. Завршена е улицата број 3 на булеварот „Мидхат Фрашери“ во населбата Тенеке Маало, со поставување на финална асфалтна слој.

Овој инфраструктурен зафат значително го зголемува квалитетот на движење, ја подобрува сообраќајната безбедност и овозможува подобар пристап за сите жители на овој дел од општината.

„Продолжуваме со посветена работа за воведување на современи стандарди во секоја населба и за јакнење на урбаниот развој на Чаир“, истакнува градоначалникот Изет Меџити.



























