УТРО.мк

Глоба од 1.300 евра за градилиште што загадуваше во Аеродром

Глоба од 1.300 евра за градилиште што загадуваше во Аеродром
Vero

Општина Аеродром изрече парична казна од вкупно 1.300 евра, од кои 1.000 евра за правното лице и 300 евра за управителот, поради прекршување на Законот за јавна чистота.

При инспекциската контрола на градилиште во близина на Полициската станица Аеродром во Ново Лисиче, беше утврдено дека возила со валкани гуми влегувале во сообраќајот, со што се нарушувала чистотата на животната средина и се прекршувале законските одредби.

Од Општината нагласуваат дека ваквите прекршоци ќе се санкционираат строго и без исклучок. Во наредниот период ќе се спроведуваат засилени контроли на сите активни градилишта, со посебен акцент на заштитата на животната средина, одржувањето на јавната чистота и спречување узурпација на јавни површини.

Општина Аеродром апелира до сите правни и физички лица да ги почитуваат законите и прописите за да се обезбеди чиста, здрава и безбедна средина за сите жители.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран