Три лица од кривопаланечкото село Жидилово се уапсени поради попречување на полициски службеници и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) при извршување на службени дејствија.
Инцидентот се случил вчера околу 16:00 часот во село Трново, кај место викано „Самоков“. Полицијата ги лишила од слобода Г.Ѓ. (57), А.Ѓ. (30) и А.Ѓ. (22), сите од Жидилово.
Според известувањето, тројцата се однесувале агресивно, попречувале службени лица при собирање на крупен добиток и упатувале закани кон неколку соселани. На настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава против лицата.



























