УТРО.мк

Ова се најчестите регистрирани прекршоци во Скопје: 110 илјади за 24 часа

Ова се најчестите регистрирани прекршоци во Скопје: 110 илјади за 24 часа
Vero

Во првиот тест ден на системот „Safe City“ во Скопје, камерите регистрирале дури 110.000 сообраќајни прекршоци, што значи околу 77 прекршоци во минута. Најголем дел, околу 90%, се за прекумерна брзина, а над 5.000 прекршоци биле за поминување на црвено светло.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изјави дека системот е во фаза на консолидација и целосно ќе почне да се применува од 1 јануари. Тој додаде дека се разгледува можноста за толеранција од 10% над ограничувањето на брзината, по примерот на некои европски земји, додека за службените возила нема да има никаква толеранција, освен за Брза помош, Пожарна и специјални придружби.

Тошковски посочи дека возилата со странски регистарски таблички нема да можат да влезат во Македонија додека не ја платат казната за прекршокот. „Системот не е совршен и ќе има елементи кои ќе треба да се коригираат“, додаде тој.

Проектот се тестира во Скопје, Куманово и Тетово, како и на Коридор 10 и Коридор 8, а во наредните денови ќе се активира и на автопатите. Целта е до средината на 2026 година сите градови во државата да бидат опфатени со „Safe City“.

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека прифаќа критики за системот, но дека главната цел е намалување на бројот на жртви во сообраќајот. Во 2024 година загинале 142 лица, што е далеку над просекот во ЕУ, каде годишно умираат 45 лица на еден милион жители. Властите имаат амбиција до 2050 година да го сведат бројот на загинати на нула.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран