УТРО.мк

Фалсификувани евра сошиени во јакна: 19-годишен македонски државјанин останува во притвор во Бугарија

Фалсификувани евра сошиени во јакна: 19-годишен македонски државјанин останува во притвор во Бугарија
Vero

Окружниот суд во Хасково одлучи да го задржи во притвор 19-годишниот македонски државјанин Хамза Дарлишта, уапсен на граничниот премин „Капитан Андреево“ откако кај него биле пронајдени фалсификувани банкноти со вкупна номинална вредност од 98.500 евра.

Според бугарските медиуми, при контролата на 19 октомври биле откриени 685 банкноти, сошиени во поставата на неговата јакна — 300 од по 200 евра и 385 од по 100 евра.

Младиот државјанин пред истражните органи изјавил дека не знаел оти парите се фалсификувани. Според Обвинителството, тој претходно накратко влегол во Турција, каде што ја облекол јакната со скриените банкноти.

Истражителите тврдат дека при проверка на неговиот мобилен телефон пронашле фотографии од слични фалсификувани банкноти, направени порано во текот на годината. На дел од нив, според истите наводи, бил и осомничениот.

Одбраната побарала ослободување со парична гаранција, посочувајќи дека има 19 години и досега не бил осудуван. Судот, сепак, оценил дека постои основано сомнение за делото за кое се товари, како и опасност од бегство.

Одлуката за притвор може да се обжали пред Апелацискиот суд во Пловдив. Според објавените информации, доколку биде прогласен за виновен, му се заканува затворска казна од две до осум години.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран