УТРО.мк

Мицкоски: Силна Брвеница се гради со исполнети ветувања и партнерство со граѓаните

Мицкоски: Силна Брвеница се гради со исполнети ветувања и партнерство со граѓаните
Vero

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари средби со жителите на Радиовце, Теново, Брвеница и Седларце во Општина Брвеница.

Посетата е во знак на поддршка на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Брвеница, Стојанчо Радичевски, пред претстојните избори на 1 ноември.

Мицкоски истакна дека непосредниот разговор со граѓаните е најдобриот начин да се препознаат нивните приоритети, да се разберат предизвиците со кои се соочуваат и да се понудат конкретни решенија.

„Нашата обврска е да градиме доверба преку одговорна работа, исполнети ветувања и проекти што носат вистински придобивки за секое населено место“, порача Мицкоски.

Тој нагласи дека силна општина се гради со визија, посветеност и партнерство со граѓаните.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран