Поради итен дефект на водоводната линија на булевар „Александар Македонски“, ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека утре ќе се изведуваат итни технички активности, поради кои делови од Скопје ќе останат без вода за пиење.
Прекинот ќе започне во 7:30 часот и ќе трае до целосна санација на дефектот. Без вода или со намален притисок ќе бидат следните делови на градот:
– булевар „Александар Македонски“, дел од улицата „808“ и дел од булеварот „Киро Глигоров“
– населба Автокоманда (намален притисок, ниска зона)
– Триангла (намален притисок)
– населба Хиподром (намален притисок)
– улицата „Перо Наков“ кај Кванташки пазар (намален притисок)
– населба Методија Андонов Ченто
– улиците „Маџари“ и „Палмиро Тољати“
– село Сингелиќ
Од претпријатието апелираат граѓаните од наведените подрачја навреме да обезбедат потребни количини вода за домаќинствата додека трае интервенцијата.



























