УТРО.мк

Ова се ударните места каде што камерите регистрирале најмногу прекршоци

Ова се ударните места каде што камерите регистрирале најмногу прекршоци
Vero

Системот „Безбеден град“ на 2 декември регистрирал повеќе од 50.000 сообраќајни прекршоци, покажуваат податоците на Министерството за внатрешни работи. Според МВР, ова претставува преполовување на бројката во однос на 1 декември, кога во првите 24 часа од тест периодот беа забележани над 110.000 прекршоци.

На 2 декември, вкупно биле регистрирани 50.652 прекршока. Од нив, дури 48.861 се однесувале на пречекорување на дозволената брзина, 1.366 на минување на црвено светло, а 425 на учество во сообраќај со нерегистрирани возила. Од МВР појаснуваат дека камерите не го снимаат целокупниот сообраќај, туку само возилата кои прават прекршок.

Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници

Во првите 12 часа од вчерашниот ден биле регистрирани нови 22.600 прекршоци, од кои речиси 95% се однесувале на пребрзо возење. Најмногу прекршоци се забележани на излезот од Скопје кон Тетово – вкупно 4.300 случаи. Веднаш зад него е булеварот Никола Карев, познат како Пластичарска улица, со 3.000 регистрирани прекршоци.

Кога станува збор за минување на црвено светло, најкритична точка е раскрсницата меѓу улиците Цветан Димов и Џон Кенеди, каде што камерите за еден ден регистрирале 45 прекршоци.

Возеле од 51 до 209 километри на час

Податоците за тест-периодот откриваат и екстремни случаи. Најниската брзина за која е изречена казна е 51 километар на час, додека највисоката измерена брзина достигнува 209 километри на час – што, како што оценуваат од МВР, претставува исклучително опасно однесување и сериозен ризик по безбедноста во сообраќајот.

Со оглед на бројките, МВР најавува продолжено следење на овие делници, кои веќе се потврдени како најударни точки за сообраќајни прекршоци во Скопје.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран