Неколку локации во Тетово и Брвеница утре ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на мрежата, информира ЕВН.
Во Тетово, прекин ќе има на дел од улицата Фуштанска, како и во дел од Попова Шапка кај одморалиштето ЕВН. Струјата ќе биде исклучена на 04.12.2025 година од 09:00 до 14:00 часот.
Прекин ќе има и во општина Брвеница — делови од центарот на селото Брвеница, каде што објектите ќе останат без напојување од 09:00 до 14:30 часот.
Од компанијата информираат дека се работи за редовни активности за одржување и унапредување на мрежата.



























