УТРО.мк

Тест-период: Скопје, Тетово и Куманово се опфатени со „Безбеден град“

Тест-период: Скопје, Тетово и Куманово се опфатени со „Безбеден град“
Vero

Вториот ден од тест-периодот на системот „Безбеден град“ покажува значително намалување на сообраќајните прекршоци. Податоците од Министерството за внатрешни работи (МВР) покажуваат дека на 1 декември биле регистрирани 110 илјади прекршоци, додека на 2 декември бројката паднала на 50.652 прекршоци за 24 часа.

Од вкупниот број прекршоци за 2 декември, доминираат казните за пречекорување на брзината – 48.861. За поминување на црвено светло биле регистрирани 1.366 прекршоци, а 425 возила биле нерегистрирани. Во само 12 часа, системот евидентирал 22.600 прекршоци, од кои 95 отсто се за брзо возење. Најголемата забележана брзина изнесувала 209 км/ч, додека најмалата за која е изречена казна била 51 км/ч.

Според МВР, системот идентификувал „жешки точки“ каде се кршат правилата. Најбрзо се возело на излезот од Скопје кон Тетово и на булеварот „Никола Карев“, каде биле регистрирани 4.300, односно 3.000 прекршоци за брзо возење. Најмногу прекршоци за поминување на црвено светло се регистрирани на раскрсницата на улиците „Цветан Димов“ и „Џон Кенеди“ – 45 прекршоци.

Од 1 декември започна пробниот период на системот „Безбеден град“, кој ќе трае до 1 јануари 2026 година. Во овој период, возачите добиваат само предупредувања за сторени прекршоци, без казни. Од јануари следната година, системот ќе почне целосно да се применува.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, нагласи дека никој нема да биде поштеден од казните кога системот ќе почне со целосна примена. Според него, воведувањето на „Безбеден град“ е клучна мерка за намалување на бројот на жртви на улиците, кој оваа година изнесува 142 лица.

Системот опфаќа Скопје, Тетово и Куманово, како и коридорите 8 и 10, обезбедувајќи автоматизирано регистрирање на сообраќајните прекршоци и подобрување на безбедноста на патиштата.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран