Во утринските часови полицијата во село Јурумлери приведе двајца мажи поради пронајден пиштол и куршуми во патничко возило.

Околу 08:00 часот, патрола од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје запрела „сеат“ со скопски регистарски ознаки на улица 1. Возилото го управувал 21-годишниот М.А., а како сопатник се превезувал 16-годишен малолетник, и двајцата од Скопје.
При контрола, полицајците пронашле пиштол „Екол“ и рамка со шест куршуми. Двата лица веднаш беа лишени од слобода, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна правна постапка.



























