УТРО.мк

Еве од кога ќе почнат да работаат камерите од „Безбеден град“ во Тетово и Куманово

Еве од кога ќе почнат да работаат камерите од „Безбеден град“ во Тетово и Куманово
Vero

Началничката на Секторот за сообраќајни работи при МВР, Маја Арсовска Манов, во гостување во „Топ Тема“ на Телма изјави дека електронскиот систем „Безбеден град“ во моментов функционира на целата територија на Град Скопје, а до крајот на декември ќе биде активиран и во Куманово и Тетово.

Таа појасни дека се работи за целосно активиран систем за автоматско детектирање на сообраќајни прекршоци, кој веќе дава резултати во Скопје.

„До крајот на месецов планираме да го ставиме во функција и во Куманово и Тетово, а од следната година истиот систем ќе биде имплементиран на територија на целата држава“, изјави Арсовска Манов.

Според МВР, опремата е поставена и на Коридорите 8 и 10, а во секој момент се очекува да започне автоматското регистрирање на сообраќајните прекршоци и на овие критични патни правци.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран