УТРО.мк

Американски Ф-16 се урна во Калифорнија

Американски Ф-16 се урна во Калифорнија
Vero

Американски борбен авион „Ф-16Ц фајт фалкон“ на САД се урна во пустинска област јужно од аеродромот Трона, на работ на Националниот парк „Долина на смртта“ во Калифорнија.

Пилотот успеа безбедно да се катапултира и претрпе полесни повреди. Снимки објавени на социјалните мрежи покажуваат моментот на урнувањето и спасувањето на пилотот.

„На 3 декември 2025 година, околу 10:45 часот наутро, пилот на ‘Тандерберд’ безбедно се катапултираше за време на обука во контролиран воздушен простор. Пилотот е во стабилна состојба и прима дополнителна медицинска нега“, соопштија од американските воздухопловни сили.

Инцидентот е под истрага, а од армијата најавија дека дополнителни информации ќе бидат објавени наскоро.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран