Битола има свој херој – сограѓанин кој без двоумење слезе во речното корито на реката Драгор и го спаси кученцето што случајно завршило во студените води.
И покрај зимските услови и ниските температури, хуманото дело на овој човек покажува дека се уште постојат оние кои безрезервно помагаат на секое суштество во потреба.
Додека некои злоупотребуваат или повредуваат животни, постојат луѓе како овој битолчанец кои го покажуваат вистинското значење на хуманоста. Таквите постапки ги прават нашите сограѓани вистински херои.



























