УТРО.мк

Секое дете треба да има еднакви можности да спортува! Министерството за спорт со поддршка за проектот „Фудбал за секое дете“

Секое дете треба да има еднакви можности да спортува! Министерството за спорт со поддршка за проектот „Фудбал за секое дете“
Vero

Претставници од Министерството за спорт денеска присуствуваа на промоцијата на проектот „Touch the Goal – Football for Every Child“, што ја организираше ОУРЦ „Иднина“ – Скопје. Проектот се реализира со поддршка на УЕФА Фондацијата за деца и е номиниран од Фудбалската федерација на Македонија.

Генералниот секретар во Министерството за спорт, Сашо Огњеновски, во своето обраќање истакна дека Министерството дава поддршка на ваквите иницијативи кои ја промовираат инклузијата и ја покажуваат силата на спортот да ги поврзува и да ги обединува децата и да промовира позитивни вредности за заедништво, рамноправност, солидарност и прифаќање.

-Нашата мисија како Министерство за спорт е да создадеме услови за секое дете, без исклучок, да има можност да се занимава со спорт. Во изминатиот период, преку програмите за млади и училишен спорт, направивме значајни чекори за подобрување на пристапот до спортски активности, за обезбедување поддршка на училиштата и за унапредување на спортската инфраструктура – рече Огњеновски, посочувајќи дека Министерството во изминатиот период инвестира во училишниот и младинскиот спорт, во подобрување на спортската инфраструктура и во поддршка на програми за деца со попреченост.

Тој го истакна проектот „Touch the Goal – Football for Every Child“ како пример за успешна соработка меѓу училиштата, наставниците, родителите и институциите, со заедничка цел – создавање инклузивна средина во која секое дете ќе може слободно да спортува и да се развива.

Огњеновски упати благодарност до ОУРЦ „Иднина“, училиштата и сите што се вклучени во проектот, охрабрувајќи ги да продолжат со активности што оставаат трајни позитивни вредности кај децата.

На промоцијата на проектот присуствуваа и претставници од ФФМ, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, наставници, специјални едукатори, стручни соработници и други гости.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран