УТРО.мк

Божиновска: Даночните работници се клучни за стабилноста на државата

Божиновска: Даночните работници се клучни за стабилноста на државата
Vero

Заедно со премиерот Мицкоски, министерката Сања Божиновска присуствуваше на одбележувањето на Денот на даночните работници, кој е силен потсетник за важната улога на даночната администрација во стабилноста на државата.

– Ги слушнавме резултатите што не се само статистика – тие се плати, услуги, инвестиции и сигурност за секој граѓанин. Доказ дека системот станува посилен и поефикасен, истакна Божиновска.

Министерката нагласи дека само со чесни процеси, дигитализација и транспарентни институции може да се гради економија што расте и држава што планира сигурна иднина.

Таа им честиташе на даночните работници за нивната професионалност која го движи системот напред, потенцирајќи дека нивната работа е клучна за стабилноста и развојот на земјата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран