Цвеклото е богато со нитрати, кои во организмот се претвораат во азотен оксид, помагајќи во ширење на крвните садови и подобрување на протокот на крв до екстремитетите. Овој процес може да го намали ризикот од срцев и мозочен удар.
Стручњаците, меѓу кои и доктор Мајкл Мозли, истакнуваат дека дневна доза сок од цвекло може значително да го намали крвниот притисок, а редовната консумација и комбинацијата со физичка активност го подобрува протокот на крв во деловите од мозокот одговорни за моториката.
Цвеклото е достапно и евтино – на пазарите килограм чини околу 40 денари – и претставува едноставна, природна поддршка за здраво срце, правилен притисок и зачувување на функциите на мозокот.























