Од 1 декември цената на топлинската енергија за домаќинствата ќе се зголеми во просек за 5,9%, објави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бескимовски.
„Од 1 декември просечната сметка ќе се зголеми од 2.200 на 2.330 денари, што значи зголемување од околу 130 денари“, истакна Бескимовски.
За корисниците кои се снабдуваат преку најголемиот систем (ЕСМ Дистрибуција, ЕСМ Снабдување и ЕСМ Производство), поскапувањето е во просек 5,9%. За потрошувачите на ЕСМ Енергетика зголемувањето изнесува 7,6%, додека за Скопје Север – Енерџи Еко Линк е околу 7,7%.























