Македонската фудбалска репрезентација вечерва го игра еден од најважните натпревари во квалификациите за Светското првенство 2026, против главниот фаворит во групата – Белгија.
Нашите фудбалери со голем оптимизам отпатуваа за Гент, каде што ќе се одигра шестиот натпревар од циклусот. Според стручниот штаб и репрезентативците, ова е еден од најзначајните дуели во поновата фудбалска историја на Македонија, бидејќи позитивен резултат од ова гостување би можел да ги зголеми шансите за историски пласман на едно Светско првенство.
На првиот натпревар меѓу овие две селекции во Скопје, Македонија одигра храбро и освои бод, ремизирајќи 1:1.
Во моментов, Македонија е лидер на табелата, со три победи и две ремија, додека Белгија се наоѓа на второто место со 10 бода и еден натпревар помалку.