УТРО.мк

Од утре стапува новиот систем за влез во ЕУ, патниците да очекуваат подолги чекања и можен хаос на аеродромите

Од утре стапува новиот систем за влез во ЕУ, патниците да очекуваат подолги чекања и можен хаос на аеродромите
Vero

Од утре 12 октомври патниците кои пристигнуваат во Европската Унија од земји што не се членки вклучително и од Македонија треба да се подготват за подолги чекања поради воведувањето на новиот автоматизиран Систем за влез и излез ЕЕС кој ќе го замени досегашното рачно печатирање на пасошите

Новата процедура предвидува државјаните на трети земји да застанат пред службеник за пасошка контрола или да користат киосци за самопослужување на аеродромите пристаништата и меѓународните железнички терминали за да дадат отпечатоци од прсти и да бидат фотографирани Овие податоци ќе се чуваат во системот три години и ќе овозможат дигитално евидентирање на влезовите и излезите со што ќе се детектираат лицата кои го надминале дозволениот престој од 90 дена во период од 180 дена

Авиокомпаниите и властите изразуваат загриженост за можен хаос Монсерат Барига генерален директор на Здружението на европски регионални авиокомпании изјави дека дури и неколкуминутно доцнење на граничната контрола може да ги поремети поврзаните летови

Националните власти се загрижени особено во Франција која е водечка туристичка дестинација анонимен функционер од француското Министерство за внатрешни работи оцени дека времето на чекање на граница за патниците од долгите летови може да се зголеми тројно Поради тоа Франција планира да ангажира дополнителни 230 гранични полицајци

Системот ќе се воведува постепено во следните шест месеци што значи дека нема сите премини да го користат веднаш До 10 април ќе постојат паралелно и двата система Само три земји Естонија Луксембург и Чешка ќе го воведат целосно од утре Германија само на аеродромот во Дизелдорф Италија во Рим и Милано а Шпанија само со еден лет за Мадрид

Здружението на аеродроми Еј-Си-Ај Јуроп изрази загриженост поради неизвесноста како системот ќе функционира кога сите земји-членки ќе се поврзат како и поради недостигот на персонал во граничната полиција и доцната кампања за информирање на патниците

Европската комисија подготви апликација за предрегистрација за забрзување на процесот но засега само Шведска потврди дека ќе ја користи Во случај на предолги чекања или технички проблеми во првите шест месеци ЕУ предвидува можност за привремена суспензија на системот

Комесарот за внатрешни работи и миграција Магнус Брунер изјави дека системот за влез и излез е дигиталниот столб на новата заедничка европска рамка за миграција и азил

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран