Министерството за внатрешни работи информира дека полициски службеници од СВР Скопје денеска извршиле службен разговор со Б.Б. постапувајќи по видео објавено на социјалните мрежи на 09.10.2025
На видеото се гледа како лицето управува службено возило „Шкода“ со скопски регистарски ознаки на булеварот „Партизански одреди“ користејќи уреди за посебни светлосни знаци и преминувајќи преку две полни линии
Против Б.Б. се преземени мерки по член 139 став 11 и 30 и став 5 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата