Во СВР Тетово бил пријавен случај на голема измама, во кој 51-годишен жител на тетовско село останал без 64.000 евра. Според информациите од полицијата, оштетениот склучил преддоговор за купопродажба со лицата С.Р. и Б.Р., а на 16 јуни 2021 година целосно ја уплатил договорената сума на сметката на Б.Р.
Но, по исплатата, пријавените не се појавиле за потпишување на конечниот договор, како што било договорено, по што оштетениот сфатил дека бил измамен.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава против осомничените.