УТРО.мк

Филмски грабеж во Гостивар: украдени 18 килограми злато, вредни 1,8 милион евра

Филмски грабеж во Гостивар: украдени 18 килограми злато, вредни 1,8 милион евра
Vero

Во петокот вечерта во центарот на Гостивар се случил невиден грабеж на златара, при што четворица вооружени и маскирани напаѓачи украле 18 килограми злато во вредност од околу 1,8 милиони евра.

Инцидентот се случил околу 18:45 часот во златарница во близина на малиот пазар, сопственост на С.Ж. од Гостивар. Напаѓачите, облечени во црна облека и со фантомки на лицата, вооружени со автоматско оружје, влегле во објектот и за кратко време го ограбиле. Според очевидци, тие мирно ја напуштиле златарата и со џип марка „БМВ Х3“ без регистарски таблички побегнале од местото. Некои од жителите успеале да го снимат моментот на нивното бегство.

Набргу потоа, полицијата го пронашла џипот запален на регионалниот пат кај Мавровска крстосница. Возилото било изгаснато од гостиварските пожарникари, а при увидот во него била пронајдена автоматска пушка со бајонет. По наредба на јавен обвинител, возилото е однесено во кругот на Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај во Гостивар.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека се преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расветлување на случајот. Од Основното јавно обвинителство во Гостивар потврдија дека јавен обвинител издал повеќе наредби и насоки за откривање на сторителите.

Овој случај се смета за еден од најголемите грабежи на златара во Македонија, со оглед на огромната вредност на украденото злато.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран