УТРО.мк

Вработена во казино присвоила над 800 илјади денари, приведена од полицијата

Вработена во казино присвоила над 800 илјади денари, приведена од полицијата
Vero

Полицијата во Гостивар приведе 30-годишна жена осомничена дека незаконски присвоила пари од казиното каде што работела. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, станува збор за М.П.Ј. од селото Волковија, која на 10 октомври околу 21:40 часот била уапсена од полициски службеници на ОВР Гостивар.

Претходно, менаџерката на казиното при контрола забележала недостиг во касата во износ од 816.297 денари и пријавила дека осомничената си префрлила електронски кредит, кој потоа го искористила за игра на апаратите.

М.П.Ј. е задржана во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран