УТРО.мк

20-годишен Словенец осомничен за убиството на Стојче Георгиев во Љубљана

20-годишен Словенец осомничен за убиството на Стојче Георгиев во Љубљана
Vero

Телото на 38-годишниот Стојче Георгиев од селото Грдовци во Кочани беше пронајдено минатиот петок во центарот на Љубљана, а полицијата потврди дека станува збор за насилна смрт. Осомничениот за злосторството е 20-годишен Словенец кој е приведен и се наоѓа во притвор

Според онлајн Дневник, осомничениот е спортист од Љубљана кој тренирал фудбал и бокс Тој наводно се јавил во полиција сам или со својот татко и изјавил дека нокаутирал некого во центарот на главниот град

Во вторникот 20-годишникот бил изведен пред истражен судија, кој по испрашувањето нареди да биде приведен Полицијата соопшти дека поради интересот на истрагата не можат да откријат повеќе детали

Според информациите, Георгиев кобната ноќ бил удрен повеќе од десет пати во главата, а телото го пронашол таксист во раните утрински часови

Македонската амбасада во Љубљана потврди дека добила известување од словенечката полиција и дека семејството на починатиот е известено Амбасадата е во постојан контакт со семејството и надлежните институции за обезбедување на конзуларна поддршка и следење на понатамошниот тек на постапката

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран