УТРО.мк

Столе: Одбраната беше совршена, Македонија остана непоразена во Белгија

Столе: Одбраната беше совршена, Македонија остана непоразена во Белгија
Vero

Голманот на Валенсија, Столе Димитриевски, повторно имаше извонреден настап за македонската репрезентација, спречувајќи голем број опасни шанси на белгиските напаѓачи и обезбедувајќи реми 0-0 во Гент.

По натпреварот, Димитриевски ја истакна клучната улога на одбраната: „Беше многу тежок натпревар на белгиски терен. Тие се одлични во офанзивата, но ние одигравме перфектно во одбраната. Не можевме лесно да излеземе од прва во трета зона бидејќи постојано нè притискаа, но дефанзивно немавме грешка“, изјави голманот.

Тој зборуваше и за следниот натпревар против Казахстан: „Од првиот натпревар во овие квалификации се бориме за победа. Прво место за нас е историја, но со Казахстан ќе биде тешко. Играме дома пред нашата публика, ќе се одмориме, ќе се подготвиме и ќе дадеме максимум за трите бода.“

Македонија во понеделник ќе го пречека Казахстан, со цел да ја задржи лидерската позиција во групата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран