УТРО.мк

Битола го одбележа 11 Октомври – Денот на македонското народно востание

Битола го одбележа 11 Октомври – Денот на македонското народно востание
Vero

Битола денес свечено го одбележа 11 Октомври – Денот на македонското народно востание еден од најзначајните датуми во историјата на македонскиот народ

Овој ден симболизира слободољубивиот дух и непокорот на македонскиот народ кој пред 84 години преку храброста и жртвата на борците од Народноослободителната борба го означи почетокот на востанието против фашистичкиот окупатор и ја постави основата на современата македонска држава

По повод празникот пред споменикот на Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија пред Центарот за култура во Битола беше одржана свечена церемонија на која беа положени свежи цвеќиња

Со пригодна почит кон историското значење на денот цвеќе положија градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски претставници на Советот на Општина Битола претставници на Сојузот на борците како и претставници на политичките партии други организации и поединци

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран