Во Битола денес беше одбележан значаен јубилеј – 100 години од првите летови над градот, што го означува почетокот на авијациската традиција и развојот на воздухопловството во овој регион. Настанот беше проследен со пригодна церемонија и присуство на љубители на небото, пилоти и членови на аеро клубови од земјата и странство.

Кандидатот за градоначалник на општина Битола, Тони Коњановски, истакна дека овој век авијациска историја е сведоштво за визијата и храброста на генерациите кои го отвориле патот кон небото.
„Денес во Битола одбележуваме еден век авијациска традиција, визија и храброст што ја отвори вратата кон небото. Аеро клубот ‘Мирко Тодоровски’ достојно го продолжува тој пат, негувајќи ја љубовта кон воздухопловството и духот на генерациите кои ја започнаа оваа приказна“, изјави Коњановски.

Тој додаде дека Битола со гордост е дел од историјата на европската авијација и симбол на постојана љубопитност и човечка желба за летање.

„Честитки до сите љубители на небото – нека следните 100 години бидат уште повисоки и пославни“, порача Коњановски.