
Денеска е големиот ден за македонската ракометна репрезентација. Во рамки на Европското првенство 2026, Македонија излегува на терен против силната Португалија во натпревар што многумина го нарекуваат – меч на вистината.
По одличните настапи и борбената игра во претходните кола, избраниците на селекторот влегуваат во дуелот со голема самодоверба и мотив да ја срушат негативната традиција против Португалија и да приредат уште едно големо изненадување на континенталниот собир.
Добрата вест за македонскиот тим е што селекцијата ќе настапи комплетна – во составот се враќаат „Португалецот“, Дарко Митревски и Пеце Пешевски, што значително ја зајакнува ротацијата и тактичките опции во клучниот меч.
Натпреварот се игра вечерва во салата „Jyske Bank Boxen“ во Хернинг, со почеток во 18:00 часот, а очекувањата се дека илјадници навивачи ќе ја бодрат Македонија во обидот да се запише нова страница во ракометната историја.
Можеме ли да ја срушиме традицијата и да бидеме второто големо изненадување на Европското првенство?



























