УТРО.мк

17 кикбоксери од 9 клубови ќе ја претставуваат Македонија на ВАКО Светскиот куп во Италија

17 кикбоксери од 9 клубови ќе ја претставуваат Македонија на ВАКО Светскиот куп во Италија
Vero

Македонскиот кикбокс ќе биде дел од едно од најголемите и најпрестижни светски натпреварувања, ВАКО Светскиот куп Италија 2026, кој ќе се одржи од 10 до 15 март во Лидо ди Јесоло, Италија. На овој импресивен турнир ќе се сретнат елитни борци од целиот свет, а Македонија ќе има силно присуство со 17 натпреварувачи од 9 клубови, придружувани од 9 тренери. Дел од македонската делегација ќе бидат и интернационалните судии Елена Неделковска и Никола Бубески, како и Дејан Митровски – Урко, претседател на Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија и член на бордот на директори на ВАКО Европа.

Нашите натпреварувачи доаѓаат од КБК Шампион Скопје (М. Митровски и И. Кукуновски, со тренерот Д. Митровски), КБК Гладијатор Скопје (Д. Атанасовски, С. Мировски и А. Димишковски, со тренер Д. Атанасовски), КБК Адора Скопје (К. Бабоски со тренер Н. Манојловски), КБК Адреналин Радовиш (М. Василев со тренер В. Петров), КБК Енерџи Битола (М. Димовска и П. Лозановски со тренер А. Димовски), КБК Арена Струмица (П. Велков со тренер Н. Колев), КБК Предатор Куманово (Д. Методиевски со тренер Ј. Крстевски), КБК Прокик Фемили Скопје (С. Михајловски, М. Баснарков и Д. Јачев со тренер Ж. Михајловски) и КБК Ронин Прилеп (А. Смилевски и Р. Велески со тренер Ф. Сливјаноски).

„Овој турнир е вистинска мерка за нашите борци, можност да се соочат со најсилните на светската сцена и да покажат што знаат. Очекуваме квалитетни настапи и гордо претставување на Македонија“, истакна Митровски.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран